Успеси на меѓународен натпревар „Крстопат на музите“

На 21. меѓународен натпревар „Крстопат на музите“, кој традиционално се одржува во Софија – Бугарија, нашите ученици повторно блеснаа и се закитија со највисоките награди. Хорот и оркестарот при СОУ „М.М. Брицо“ го освоија Првото место во категоријата мешан ансамбл – средни училишта под менторство на проф. м-р Елена Ѓеоргиевска. Комисијата изрази восхит за нивната музичка изведба, сплотеност и уметнички квалитет, и упати пофални зборови за вложениот труд во подготовките. Индивидуалните успеси се дополнителен доказ за талентот и посветената работа на нашите ученици и ментори: Елена Алексовска – Прво место, Литература, средни училишта до 16 години (ментор: Весна Соколова) Јана Попова – Прво место, Пеење 18+ (ментор: Елена Ѓеоргиевска) Сара Ангелова – Прво место, Литература 18+ (ментор: Лидија Дамјанова) Ова признание е доказ дека упорната работа, дисциплината и љубовта кон уметноста носат резултати што се препознаваат и на меѓународно ниво. Од оваа година, проф. Елена Ѓеоргиевска е официјален стратешки партнер и координатор на натпреварот за Македонија – уште една потврда за професионалноста и угледот што го ужива нашето училиште. Честитки за сите ученици и ментори! Продолжуваме да создаваме успеси и да го претставуваме нашето училиште со знаење и уметност.