Денес се одбележува светскиот ден на учителот. Да бидеш учител значи да ја работиш најблагородната работа на цел свет. Учителите се огледало на општеството. Секој возрасен се сеќава на неколку учители кои оставиле длабока трага во неговиот живот и кога зборува за нив му затреперува срцето.Учителот е личноста која описменува, дава збор во рацете како најмоќно оружје со кое се обезбедува иднината. Да бидеш учител значи да бидеш полн со знаење, разбирање, отвореност, креативност, љубов… Да бидеш учител значи да работиш со најдрагите, со најискрените, со учениците .Да бидеш учител значи да го измениш животот на своите ученици, да оставиш трага која ни времето не може да ја избрише, да почитуваш, да бидеш почитуван.Да откриваш таленти , да помагаш ,да бидеш втор родител.
Во нивна чест, во името на сите учители секоја година се празнува 5 октомври-Светски ден на учителите. Цел на овој ден е да се мобилизира поддршка на учителите и да се осигура дека потребите на идните генерации ќе продолжат да бидат исполнувани. Светскиот ден на учителите претставува значаен симбол на свеста, разбирањето и вреднувањето на виталниот придонес што учителите го даваат за едукацијата и развојот.